Утрински Весник
Магазин

Џејн Фонда носи облека од пред 30 години за да ја спаси планетата

Џејн Фонда носи облека од пред 30 години за да ја спаси планетата

Џејн Фонда се откажува од шопинг со цел да ја спаси планетата.

82-годишната актерка призна дека сè уште користи облека што ѝ била во гардероберот пред 30 години, и не сака да фрла совршено добри парчиња бидејќи се грижи дека тоа може да има негативно влијание врз животната средина.

„Не мора да трошиме толку многу. Ние мора да бидеме задоволни со помалку. Се обидувам повеќе да не купувам ништо ново, нова облека. Јас сè уште го носам она што го носев пред 30 години и имам многу облека, така што ми е лесно,“ рече таа во разговор со магазинот „Интервју“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Намирници кои секојдневно го нарушуваат здравјето

Уран носи пресврт: Четири хороскопски знаци пред големи промени на 26 април

Тамара Тодевска слави 25 години кариера со концерт и нов албум „Кукла жива“