Утрински Весник
Свет

Башар ал Асад: Војната во Сирија сè уште не е завршена

Башар ал Асад: Војната во Сирија сè уште не е завршена

Војната во Сирија не е завршена, а лидерите на терористите сакаат таа да трае долго време, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во интервју за „Спутник“, тој рече дека терористите контролираат одредени региони во Сирија и вршат разни видови злосторства и убиства.

Асад додаде дека сириската армија е целосно зависна од руско оружје.

„Пред две години започнавме со имплементација на план за модернизација на нашата армија и таа модернизација имаме намера да ја спроведеме во соработка со руското Министерство за одбрана, бидејќи нашата армија се потпира на руското оружје со децении“, рече сирискиот претседател.

Тој не сакаше да каже кои видови руско оружје е заинтересирана да ги купи неговата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ воведува царина од 3 евра по категорија на производи во мали пакувања до 150 евра

Македонија и 106 земји гласаа за траен мир во Украина – Усвоена резолуција во ОН!

Трамп ја нарече Меланија „филмска ѕвезда“: Таа има поголема поддршка од мене