Утрински Весник
Македонија

Казнети 309 возачи во Скопје, од кои 86 за брзо возење

Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие