Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Рокерите му оддаваат почит на починатиот гитарист Еди Ван Хален

Рокерите му оддаваат почит на починатиот гитарист Еди Ван Хален
300x250 opst2

Рок ѕвездите ширум светот му оддаваат почит на легендарниот гитарист Еди Ван Хален, ко-основач на рок бендот „Ван Хален“, кој почина во вторникот на 65-годишна возраст.

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со епитети, повеќето го делат мислењето дека со неговиот стил на гитара, Еди Ван Хален ја смени рок музиката.

Еден од највлијателните гитаристи во модерната ера, Ван Хален беше познат по неговата мајсторија – техниката на тапкање со две раце – и враќањето на виртуозната рок-соло гитара во популарниот музички мејнстрим кон крајот на 70-тите и 1980-тите.

Ван Хален формираше мост помеѓу рок стиловите од 70-тите и хеви метал звуците од 80-тите години на минатиот век.

Пејачот на рок-бендот Kiss, Џин Симонс, се сеќава на него како „Бог на гитарата“, додека другите sвезди го нарекуваат модерниот Моцарт.

Фронтменот на „Ван Хален“, Дејвид Ли Рот, објави фотографија со својот поранешен колега од бендот и напиша: „Колку долго, одлично патување беше тоа“.

Еди Ван Хален важеше за еден од најголемите гитаристи на сите времиња, пишуваат светските медиуми. Со неговата виртуозна гитара техника, тој инспирираше некои великани на рокот.

Неговиот син Волфганг му оддаде почит на социјалните мрежи, велејќи дека тој е најдобриот татко што некогаш можел да го посака.

„Секој момент што го споделив со него на и надвор од сцената беше подарок“, напиша Волфганг, кој стана басист на „Ван Хален“ во 2006 година. “Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да се опоравам целосно од оваа загуба. Те сакам многу, тато”.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него