Утрински Весник
Свет

Путин и Лукашенко разговараа за Нагорно Карабах

Лукашенко: Постигнавме договор со Путин, ако има потреба, Русија ќе интервенира

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно-Карабах.

Двајцата повикаа на итно и мирно решение поради загубата на човечки животи, јави ТАСС.

Тие, исто така, се согласија да им дадат инструкции на владите на двете земји да го решат прашањето за повторно отворање на белоруско-руската граница.

Двајцата претседатели изразија загриженост за повторното ширење на коронавирусот, а Лукашенко уште еднаш му го честиташе роденденот на Путин за време на разговорот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран ги предупредува САД: Не можете да имае прекин на огнот, а вашиот сојузник да прави масакр

Ројтерс: Израел се подготвува за долга војна

Трамп го предупреди Иран да го почитува договорот или „ќе започне со пукање“