Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средбата со Вархеји: Корупцијата е распространета, се делат тендери на лица блиски до власта

Мицкоски на средбата со Вархеји: Корупцијата е распространета, се делат тендери на лица блиски до власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, на која разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Македонија.

Мицкоски на средбата се осврна и на извештајот и документот кој што вчера Европската комисија го објави за Република Македонија, изразувајќи загриженост за слабостите и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Мицкоски укажа на слабостите и недоволното справување со корупцијата која, како што рече, е распространета во сите области.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата говореше и за злоупотреба на носење на закони по скартена постапка со европско знаменце како и слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста.

„Опозицијата и во минатото укажуваше дека Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати како за носење закони за фабрики за марихуана, како и за закони за правосудството“, рече Мицкоски.

Во текот на средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта не знае да се справи со Ковид-19, и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се превзема ништо и како на здравствен така и на економски план.

Мицкоски потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.

На средбата, разменети беа и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот.

На средбата беше изразено задоволството да се изнајде најдобар начин за да се остварат приоритетите кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Македонија да стане ефективно подрачје во кое ќе се инвестира и ќе се подобрат условите за живот на луѓето кои живеат овде во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки за кои и ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.

При средбата претседателот Мицоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим