Утрински Весник
Магазин

Глен Клоуз во „Круела“ издание

Глен Клоуз во „Круела“ издание

Две децении откако глумеше во римејкот на „101 Далматинец“ во 1996 година, Глен Клоуз ги изненади фановите трансформирајќи се себеси во злобната модна дизајнерка, негативка која таа извонредно ја долови.

73-годишната Клоуз го повтори карактеристичниот изглед на злобната наследничка за виртуелен настан за собирање донации „Ноќта на вештерките“ во организација на Бет Мидлер.

Под фотографијата во костимот на Круела Де Вил, Глен напиша дека нејзиното крзнено црно палто е дел од гардеробата од филмот „Жена“ од 2017 година. За улогата во овој филм таа доби номинација за „Оскар“ за најдобра женска улога.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста