Утрински Весник
Македонија

Џафери на средба со Вархеи: Собранието ги исполни своите обврски

Џафери на средба со Вархеи: Собранието ги исполни своите обврски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со Комесарот за соседство и проширување на ЕУ Оливер Вархели, во рамките на неговата работна посета на земјата.

Џафери изразил задоволство од повторната средба оваа година со комесарот Вархели и особена благодарност за добрите вести кои доаѓаат од Брисел оваа година, за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграции. Тој истакнал дека Собранието ги исполнило своите обврски во рамките на реформскиот процес во претходниот мандат и изразил надеж дека активностите, во соработка со опозицијата, ќе продолжат со несмалено темпо како и досега.

„Нашите напори кои до крајот на годината треба да се формализираат со влегување во новото поглавје од пристапниот процес – отпочнување на преговорите за членство во Унијата и организирање на првата меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство со Советот на ЕУ“, констатираше Џафери.

Од Кабинетот на Џафери соопштија дека комесарот Вархели срдечно се заблагодарил за можноста да говори пред пратениците во Собранието, кое го оценил како привилегија на директно обраќање кон граѓаните на Република Северна Македонија. Според него, покрај Извештајот за напредокот и Стратегијата за проширување, во фокусот на Комисијата е предложениот економски план за регионот, што е особено значаен за натамошен развој на секоја земја поденинечно, но и посредно на Унијата во целост.

„Економскиот план има за цел пред сè целосно да го промени и подобри животот на граѓаните во регионот на Западен Балкан, со акцент на инфраструктурата, дигитализацијата како алатка за унапредување на економскиот развој, привлекувањето на инвестиции, отворањето на нови работни места, особено за младите. Овој пакет доаѓа со предуслови кои секоја земја аспирант ќе мора да ги прифати и спроведе и во таа насока, улогата на Собранието во тој процес е од исклучително значење во донесувањето на одлуките во соодветно време и со соодветна содржина“, заклучи Комесарот Вархели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер