Утрински Весник
Македонија

(Видео) Калеска –Ванчева: Извештајот на ЕК е признание за напредокот на земјата

(Видео) Калеска –Ванчева: Извештајот на ЕК е признание за напредокот на земјата

Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Северна Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ, изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева.

Според неа извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.

„Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав. На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава. Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес , особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ која треба да се одржи до крајот на годинава“, рече Калеска –Ванчева.

Според неа, извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата и во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

„Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство. Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности, изборите, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата. Ова, почитувани, е признание дека државата е на вистинскиот пат, но и мотив плус да продолжи процесот на имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми“, кажа Калеска –Ванчева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни