Утрински Весник
Економија

Доделени субвенции на 11 компании основани и управувани од жени

Доделени субвенции на 11 компании основани и управувани од жени
Dik 300x250 mk

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска додели решенија за исплата на субвенции на 11 компании основани и управувани од жени кои ги исполнија условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво.

Преку оваа мерка се субвенционираат претпријатијата во сопственост и управувани од жени преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци за набавка на опрема, уредување на простор, чување на деца, воведување на софтверски решенија.

Во изминатите 9 години преку оваа мерка субвенционирани се вкупно 152 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 14.198.105 денари (230.000 евра).

„Чест и задоволство ми е што и покрај кризата со пандемијата оваа година, за што сведоци сме за економските последици врз компаниите, денеска ги врачив решенијата за исплата на субвенции на 11 компании управувани од жени кои што оваа година, за почнаа бизнис, инвестираа во раст и развој на постоечкиот бизнис или воведоа нови софтверски решенија во својот бизнис. Се работи за вкупна вредност на финансиска поддршка од 1.068.999 денари од КИП програмата. Министерството за економија препознавајќи го значењето на женското претприемништвото, почнувајќи од 2012 година, веќе девет години по ред ја реализираме мерката – финансиска поддршка за жени претприемачи во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП)“, кажа министерот Бектеши.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност