Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерката за култура во самоизолација

Стефоска: Нашата култура да блесне како ѕвезда на Балканот, како што „Медена земја“ блесна во светот
Img 7972

Министерката за култура, Ирена Стефоска, е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19.

Таа вели дека ќе ги извршува работните обврски од дома.

„Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на Ковид тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние кои се борат со Ковид-19 им посакувам побрзо опоравување, да останат силни и истрајни. Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро!“, напиша Стефоска на „Фејсбук“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом