Грчката престолнина е опкружена од силни полициски сили.
Причината е пресудата против неонацистичката група Златна зора, која атинскиот суд ја прогласи за криминална.
Η ώρα που η αστυνομία αποφασίζει να διαλύσει την πορεία. Χωρίς λόγο. pic.twitter.com/9tkY0T9Cfe
— Jaquou Utopie (@Jaquoutopie) October 7, 2020
„Златна зора“ беше третата најсилна партија во грчкиот парламент за време на грчката должничка криза.
Од раните утрински часови полицијата е распоредена на улиците околу атинскиот суд, каде што беше донесена одлука лидерите на таа крајно десничарска организација да бидат прогласени за виновни за водење на криминална група.
Massive protest outside the Court of Appeals in Athens where the Golden Dawn trial verdict is expected today.#GDtrial #Greece pic.twitter.com/wrys2GeSvt
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) October 7, 2020
Со денешната пресуда заврши петгодишното судење. Пресудата утврди дека седум поранешни пратеници, вклучително и лидерот на партијата, Никос Мичалолакос, се виновни за водење на криминална организација, додека другите се виновни за учество во криминална организација.
АП јавува дека пред судот е одржан антифашистички митинг, на кој присуствувале околу 15.000 луѓе. Сепак, на улиците имало и приврзаници на Златна зора и дошло до помали судири со полицијата, кон која група граѓани фрлале камења. АФП објави дека е фрлен солзавец и дека се користат водени топови.