Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 363 новозаразени со коронавирус, петмина починати

Во Хрватска, 145 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 363 новозаразени со коронавирус и пет починати пациенти, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска на тој начин се зголеми на вкупно 1.830.

Најголем број заразени лица има во Сплитско-далматинската Жупанија, 61. Меѓу нив, 344 пациенти се во болница, од кои 26 се на апарати за дишење.

Во Хрватска досега се евидентирани вкупно 18.447 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 309 починале.

Вкупно закрепнале 16.308 лица, од кои 116 во последните 24 часа.

Во моментов има 9.675 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 338.594 лица, од кои 5.353 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп