Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК потврди дека со СДСМ на власт државата тоне

ЕУ подготвена да ги заостри санкциите кон Белорусија
300x250 opst2

СДСМ ако лаже, Извештајот на ЕК не лаже. Извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ остана ангажирана во Парламентот и ги поддржа клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Извештајот на ЕК потврди дека судскиот систем е под палката на Зоран Заев. Извештајот на ЕК потврди дека поради СДСМ и Заев корупцијата е распространета во Македонија.

Извештајот на ЕК потврди дека власта не се бори против криминалот, како што се перење пари и финансиски криминал. Извештајот на ЕК потврди дека стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена.

Извештајот на ЕК потврди дека економијата во Република Македонија е на дно, состојбата е загрижувачка. Извештајот на ЕК потврди дека власта потфрлува на секое можно поле. Со СДСМ на власт Македонија не оди напред. Со СДСМ на власт државата само тоне“ наведува партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места