Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин го слави својот 68. роденден: Верувам во можностa да ја променам судбината

Путин: Опасноста од коронавирусoт сѐ уште не е помината
Img 7972

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува во судбина, но и дека е убеден дека секоја личност има моќ да ја промени својата судбина.

„Верувам во судбина, но верувам и дека можеме да влијаеме на неа “, рече тој во интервју за ТАСС, додавајќи дека неговото мислење за тоа прашање е покомплексно од врежаното мислење дека ако е нешто судено, тогаш ќе биде така.

Според Путин, тоа не е толку едноставно.

„Постојат многу теории. Многу помага ако имате самодоверба, ако верувате во своите способности и што е најважно ако ја правите вистинската работа. Тоа може да ја промени вашата судбина”, рече Путин во интервјуто насловено како „20 прашања за Владимир Путин”, последно во серијата прашања по повод две децении на чело на Русија.

Путин денес го слави 68.роденден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари