Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Би-би-си: Бонд го нема, па кои филмови сè уште се прикажуваат во киносали

Би-би-си: Бонд го нема, па кои филмови сè уште се прикажуваат во киносали
300x250 opst2

Џејмс Бонд премина од херој во негативец во очите на некои љубиели на филмот кои сега стравуваат за иднината на големиот екран, откако последното одлагање на 007 доведе британскиот кино-оператор „Синеворлд“ да ги затвори вратите во САД и во Велика Британија (засега), коментира „Би-би-си“.

Но, и покрај исчезнувањето на повеќето блокбастери и на голем дел од публиката, многу кинсали се борат да останат отворени, а во распоредот за 2020 година сè уште има долг список на филмови со помал буџет.

Режисерката Џесика Свајл, чија што историска драма Summerland излезе ова лето, рече дека го разбира финансискиот страв што ги натера студијата да ги одложат филмовите како „Не е време за умирање“, „Брзи и бесни 9“ и „Црната вдовица“ на Марвел до 2021 година.

Но, таа изјави за програмата на „Би-би-си радио 4 тудеј“ дека постои многу поширока слика што треба да се земе предвид доколку студијата сакаат киносалите да ја преживеат пандемијата.

„Блокбастерите се возила што ја обновуваат нашата публика, и затоа во суштина, ако тие се држат настрана, мислам дека и публиката ќе остане настрана”, рече таа. „Ако не излезе ниеден хит, ќе има нокаут-ефект, а тоа значи дека независните киносали и други делови од филмската индустријата ќе бидат под закана.“

Во меѓувреме, филмскиот критичар Џејсон Соломонс во понеделникот за „Би-би-си радио 5“ изјави дека постои ризик луѓето да ја изгуби страста што ја имаат за кино.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)