Утрински Весник
Свет

Џонсон: Ме саботираат противниците на Брегзит

Повеќе од 6.000 новоинфицирани, Џонсон размислува за воведување карантин во Велика Британија

Борис Џонсон оцени дека шпекулациите за тоа дали тој сè уште страда од последиците од коронавирус се целосна глупост, што ја пласираа противниците на Брегзит.

„Слушнав разни глупости за тоа како борбата против Ковид-19 ми ги одзеде магичните мoќи“, рече Џонсон на митингот на Конзервативната партија.

Сето тоа е дел од лоши намери, додаде Џонсон.

„Ова е еден вид очигледна, намерна глупост. Бунтовничка пропаганда од луѓе кои не сакаат оваа влада да успее, со намера да го саботира Брегзит и сè што ветивме“, нагласи Џонсон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење