Утрински Весник
Македонија

На отворањето на хотел во Кочани собрани пари за 40 таблет уреди за учениците

На отворањето на хотел во Кочани собрани пари за 40 таблет уреди за учениците

Бесплатно кафе во замена за донација добија посетителите на новоотворениот хотел „Сити ИН“ во Кочани изминатиот викенд. Собирната акција ја организираше Модната групација „ИНТ“ од Кочани, почнувајќи во петокот вечерта, кога беше отворен хотелот, па во текот на целиот викенд. Од собраните средства ќе се купат четиресетина таблет уреди, кои се наменети за ученици од семејства во социјален ризик и кои немаат можност да обезбедат компјутерска опрема за следење на настава на далечина.

Меѓу донаторите беа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, како и повеќемина функционери и стопанственици од Кочани и регионот.

Инаку, токму присуството на владините претставници остана забележано во Кочани, а локалната опозиција го искористи моментот за да упати критики дека доаѓаат на настан во град во кој бројките на новозаболени лица од ковид-19 секојдневно е двоцифрен.

Половина од својата плата донираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Комисија за утврдување на собраните парични средства од реализираната донаторска акција денеска ја констатираше вкупната сума, која оцени дека со собраните средства ќе се обезбедат четириесетина ученици со таблети.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема