Утрински Весник
Свет

(Видео) Израелската полиција се судри со ултраортодоксните Евреи кои им пркосат на мерките поради Ковид-19

(Видео) Израелската полиција се судри со ултраортодоксните Евреи кои им пркосат на мерките поради Ковид-19

Насилни судири избувнаа во израелскиот град Бнеи Брак и во некои области на Ерусалим додека властите се обидуваа да ги спроведат правилата за контролирано движење поради пандемијата со Ковид-19 во ултраортодоксните еврејски заедници и да ги растурат незаконските собири и молитви, пренесува РТ.

Стотици луѓе во ултраортодоксниот град Бнеи Брак во неделата ѝ пркосеа на најновата забрана за собирање во затворени простории и ограничување на молитвите на отворено за групи од по 20 лица.

https://www.youtube.com/watch?v=jV1CmjsB2-U

Кога полицајците пристигнаа и почнаа да им издаваат на прекршителите парични казни за неносење маски и за непочитување на физичкото растојание, некои од нив почнале да пружаат отпор и да го нарушуваат јавниот ред и мир, што резултираше со хаотични расправии, според повеќе видеа споделени на интернет.

И покрај полициските напори да се разбие собирот и најмалку 13 апсења, верниците продолжиле да се собираат во синагогата. Властите се соочија со обвинувања за примена на прекумерна сила бидејќи полицајците беа снимени како ги туркаат луѓето на земја.

Судири избија и во ултраортодоксниот кварт Меа Шеарим во Ерусалим, каде што полицијата уапсила најмалку четири лица за блокирање на сообраќајот и палење отпад.

Вториот режим на контролирано движење во Израел поради коронавирусот стапи во сила на 18 септември откако земјата забележа пораст на бројот на новозаразени. Од неделата, црниот биланс од Ковид-19 во Израел изнесува 1.719 од околу 267.000 регистрирани случаи.

Се проценува дека стапката на зараза во ултраортодоксната заедница е повеќе од двапати поголема од просекот во земјата.

Покрај казните за кршење на строгите мерки за јавни собири и средби со членови на поширокото семејство, на Израелците им беше забрането да одржуваат протести на повеќе од еден километар од нивните домови. Мерката, сепак, не успеа да ги запре масовните неделни антивладини протести кои се претворија во низа помали митинзи викендов.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еврокомисијата не се откажува од предлогот за укинување на сезонското сметање на времето

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија

ЕУ почна огромен проект за инвестирање во одбраната