Утрински Весник
Магазин

Ентони Андерсон и Трејси Елис Рос во анимирана комедија посветена на изборите

Ентони Андерсон и Трејси Елис Рос во анимирана комедија посветена на изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ентони Андерсон се појави во анимирана форма во неделата за време на едночасовната емисија на „Еј-би-си“ – комедија на тема афроамериканци гласаат на избори.

Во првата епизода, ликот Андре Џонсон џуниор имаше искуство на отворање очи, додека се бореше за своето право да гласа.

Семејството Џонсон се подготвуваа за претстојните претседателски избори. Џуниор е подготвен да гласа за прв пат, но тој открива дека неговото име го нема во избирачките списоци, и се обидува да најде решение.

Џуниор (Маркус Скрајбнер) ја започна емисијата возбуден од можноста да гласа, за веднаш потоа да дознае дека не е регистриран како гласач.

Во текот на следните половина час, тој го слуша семејството за да открие што е потребно за да се слушне неговиот глас во Америка, каде изборниот процес не бил секогаш фер или јасен, пишува британски „Дејли мејл“.

„Ме избришале од списокот на гласачи“, му се пожали Џуниор на својот дедо Ерл Попс Џонсон (Лоренс Фишбрн). „Како да не постојам“.

„Тоа е сонот, сине “, одговори Попс. „Веќе не си на радарот на владата! Не треба да се грижиш дали ќе бидеш регрутиран, дали ќе платиш данок, или дали ќе добиеш претседателски медал за слобода. Ти си на чисто.“

„Не, дедо, јас сакам да гласам “, инсистираше Џуниор. „Толку внимавав да се заштитам. Никогаш не возам над ограничената брзина, не отворам туѓа пошта, не ни пиев како малолетник на колеџ.“

„Беше на колеџ само три дена“, рече баба му Руби Џонсон (Џенифер Луис).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“