Утрински Весник
Магазин

Елизабет Харли сè уште е блиска со Хју Грант

Елизабет Харли сè уште е блиска со Хју Грант

Елизабет Харли откри дека прилично често разговара со поранешниот сопруг Хју Грант. „Јас и понатаму одам кај него за совет,“ вели таа.

Актерката, успешна деловна жена која има и сопствена линија костими за капење Elizabeth Hurley Beach, во четвртокот вечерта беше гостин во ТВ-емисијата „Пипл“, каде што, меѓу другото, проговори и за долготрајното пријателство со актерот, по нивниот развод во 2000 година. Тие беа во брак 13 години.

„Последен пат кога разговарав со Хју беше утрово“, рече Харли (55). „Го прашав за совет за сценарио кое штотуку го добив.“

„Јас сè уште одам кај него за совет за сценарија, иако тој е среќно оженет со пет деца, а и јас сум среќна во сопствениот живот. Има одредени работи за кои многу добро се согласуваме“, рече таа.

Минатиот четврток, 55-годишната актерка и поранешен модел му посака среќен роденден на Грант (60) на Инстаграм.

„Среќен 60-ти роденден на славниот Хју Грант“, напиша таа заедно со видео од британскиот актер како танцува во сцена од романтичната комедија Love Actually (Љубов всушност).

„Величествен додаток на човечката раса – иако изгледа како мајмун“, додаде Британката, со типичен англиски хумор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста