Утрински Весник
Свет

Ерменија тврди дека Азербејџан користи касетни бомби, Азербејџан обвинува за експлоатирање новинари

Ерменија тврди дека Азербејџан користи касетни бомби, Азербејџан обвинува за експлоатирање новинари

Азербејџан ја обвини Ерменија за експлоатација на новинари во зоната на конфликтот Нагорно Карабах, загрозувајќи ја нивната безбедност, додека пак Ерменија, денеска, го обвини Азербејџан за користење на касетни бомби за гранатирање.

Во соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи се посочува на зголемениот број извештаи за обидите на Ерменија да ги експлоатира новинарите со тоа што ќе ги донесе на сцената на активни воени операции, без да ги преземе потребните мерки за јасно разликување од борците. Азербејџан тврди дека ваквото однесување на Ерменија само по себе претставува сериозно кршење на нејзината обврска според меѓународното хуманитарно право да ги преземе сите изводливи мерки на претпазливост за заштита на цивилното население и цивилните објекти под нејзина контрола од последиците на нападот.

Од другата страна, претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Арцрун Ованисјан, тврди дека Азербејџан користи касетни бомби за гранатирање на Карабах. Тој на Фејсбук напиша дека Азербејџан користи касетни бомби против цивилното население, кои ги испукува од израелскиот систем ЛАР-160.

Ованисјан објави и фотографии од остатоците од бомбите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот