Утрински Весник
Свет

Менаџерот на кампањата на Трамп е позитивен на коронавирус

Менаџерот на кампањата на Трамп е позитивен на коронавирус

Главниот менаџер на кампањата на претседателот Доналд Трамп, Бил Степиен, е позитивен на коронавирус и ќе остане во карантин додека не се опорави.

Од тимот на Трамп најавија дека Степиен, сепак, ќе продолжи да ја контролира кампањата од далечина.

Вчера беше потврдено дека со Ковид-19 се заразени претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Од претседателската кампања остануваат уште 32 дена, а дел од настаните ќе се одвиваат онлајн додека дел се одложени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва

Швајцарија нуди плати до 10.000 евра: 20.000 слободни работни места!

Нападнат е клучниот остров Харг, главен центар за извоз на нафта во Иран