Финалистот од САД опен, Александер Зверев супер-брзо стигна до осминафиналето на Ролан Гарос, откако за помалку од два часа со 6:1/7:5/6:3 го совлада Марко Чекинато, за да закаже дуел со уште еден Италијанец, младиот Јаник Синер.
Германецот Зверев, кој не играше ниту еден турнир на земја по настапот во Њујорк, направи два брзи брејка за да го освои првиот сет за само 25 минути. 110-рангираниот Чекинато, кој во 2018 стигна до полуфиналето во Париз, ја подобри играта в овториот сет и направи брејк за да поведе со 5:4 во вториот сет, пред Зверев да освои шест гема во низа и да поведе со 2:0, по што лесно го освои и последниот сет.
Лесен пат во осминафиналето имаше и Аргентинецот Диего Шварцман, кој во Рим успеа да го победи Рафаел Надал, откако со 7:6(3)/6:3/6:3 го победи Словакот Норберт Гомбос, и сега ќе игра со уште еден Италијанец, Лоренцо Сонего, кој со 7:6(5)/6:3/7:6(17) го совлада Американецот Тејлор Фриц.
> Зверев и Шварцман убедливо влегоа во осминафиналето <