Утрински Весник
Македонија

Од отворањето на градинките со коронавирус се заразиле 9 деца и 13 вработени

Од отворањето на градинките со коронавирус се заразиле 9 деца и 13 вработени

Миистерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени.

Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата.

Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на…

Posted by Венко Филипче on Friday, October 2, 2020

„Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите“, вели министерот Венко Филипче.

Денеска, со Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, тој ја посети градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром каде разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични