Утрински Весник
Магазин

Јоко Оно покрена тужба против поранешен асистент на Џон Ленон

Јоко Оно покрена тужба против поранешен асистент на Џон Ленон

Јоко Оно го тужи поранешниот личен асистент на нејзиниот покоен сопруг Џон Ленон, тврдејќи дека тој повторно се обидел да профитира од нејзиното семејство и покрај тоа што претходно се согласил да не дава никакви интервјуа за работењето со легендата на „Битлси“.

Според порталот „ТМЗ“, Оно (87) поднела нова тужба против Фредерик Симен – кој работел за Ленон 18 месеци до неговата смрт во 1980 година – бидејќи смета дека тој прекршил претходна судска наредба што го спречува да дава интервјуа за музичката икона.

Оно тврди дека Симен на 10 септември дал 23-минутно интервју на кое говорел за животот на Ленон и околу него биле изложени сувенири на пејачот, што е спротивно на договорот од 2002 година кој го обврзува да остане тивок за неговиот краток работен однос со семејството Ленон.

Оно бара 150.000 долари заедно со друга отштета, во обид да го натера Симен да се воздржи од понатамошно профитирање од Ленон.

Деценискиот правен спор меѓу двајцата започна во 1983 година, кога Симен му призна на окружниот правобранител на Менхетен дека има земено приватни фотографии, писма и журнали од резиденцијата на Ленон во Менхетен.

Оно беше принудена повторно да преземе правни дејствија кон крајот на деведесеттите, кога Симен се појави како експерт за детството и адолесцентниот живот на Ленон во програмата Family channel нa „Фокс“, каде што покажа фотографии за кои Оно тврдеше дека ги украл.

Во 2002 година, Оно ја реши тужбата со Симен, кој се согласи да се откаже од авторско право на стотици семејни фотографии од семејството Ленон и да биде обврзан со договор за доверливост што го потпиша уште во 1979 година.

Во тоа време, Симен, наводно, се согласил да се воздржи давање интервјуа за неговата работа како личен асистент на Ленон, за време на последните месеци од неговиот живот, пред да биде убиен во 1980 година.

Во најновата тужба, Оно тврди дека Симен дал интервју на 10 септември, повторно говорејќи уште еднаш за периодот кога работел со музичката икона, за убиството, и за неговата книга „Последните денови на Џон Ленон“ од 1991 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста