Американскиот претседател Доналд Трамп има благи симптоми на Ковид-19, изјави шефот на канцеларијата на Трамп, Марк Медоус откако претходно беше соопштено дека Трамп и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19.
„Американскиот народ може да биде сигурен дека имаме претседател кој не само што е на функција, туку и ќе остане таму и јас сум оптимист дека тој ќе се опорави многу брзо“, изјави Медоус пред новинарите во Белата куќа.
Тој додаде дека подоцна во текот на денот ќе објави повеќе детали за здравјето на Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на Ковид-19, како и на неговата сопруга Меланија и дека ќе оди во карантин.
„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани и позитивни на Ковид-19“, напиша претседателот на Твитер.
„Веднаш започнуваме четиринаесетдневен процес на изолација и закрепнување. Ќе успееме заедно“, додаде тој.