Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за 4,6 милиони евра злоупотребени од СЈО

(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за 4,6 милиони евра злоупотребени од СЈО

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која се задолжува Правната комисија да состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужба за злоупотребите кои се направени од страна на СЈО, а кои ги потврди и нотира Државниот завод за ревизија, за проневера тешка 4,6 милиони евра, соопшти на денешната прес-конференција Стефан Андоновски.

Како што рече тој, овие пари биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.

„Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која што требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, Извршниот комитет на партијата ја потврдил одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на претседателот Стево Пендаровски за вонредната состојба, затоа што, според партијата, таа била злоупотребена за работи кои не се поврзани со потребите за борбата против Ковид-19.

„Додека народот немаше маски, дезинфициенси и ковид тестови, СДСМ распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки. И на крај ја продолжија уште еднаш вонредната состојба за во тој период да дадат половина милион евра на невладини организации, притоа кршејќи го и Изборниот законик“, посочи Андоновски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран