Утрински Весник
Македонија

Министерот Маричиќ на средба со членовите на ДКСК

Министерот Маричиќ на средба со членовите на ДКСК
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде се сретна со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.

Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење на Закон за потекло на имот.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кумановци кои работеле во Авганистан и Ирак ќе протестираат утре пред УЈП

Оружје и муниција најдени при претрес во Охрид

Полицијата заплени над 25 тони пиротехника кај Градско, приведен и полициски службеник од Скопје