Заев и Филипче потфрлија. Македонија според Би Би Си е една од земјите со најголема смрттност во Европа. Според нив бројот на умрени на 100 илјади жители е 34.6, што е 10 пати повеќе од бројот на починати од корона во Грција на истиот број на жители, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија под палката на Заев и Филипче има 737 починати и над 17 илјади заразени од коронавирус, иако првичните прогнози им беа дека бројот на заразени нема да оди над 2000. Се што кажаа излажаа. Заев и Филипче не беа способни да се справат со коронакризата. Македонија не е излезена од првиот бран, кој постојано доживува нови пикови. Во сред лето со СДСМ и нивната неспособност имавме троцифрена бројка на заразени секој ден. Со почетокот на есента се очекува и вирусот да се шири во позасилено темпо, но Заев и Филипче немаат направено ништо да превенираат евентуални катастрофи. Ветија 16 монтажни болници, и ништо од тоа нема. Целиот процес на управување на Заев и Филипче е под ниво. Секојдневно медицински лица, лекари и сестри си заминуваат од државата поради лошиот однос кон нив“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од фелата алармираат дека Македонија ќе се соочи со масовни заминувања на медицински лица по завршување на коронакризата, а тоа, велат од партијата, е последица на нечовечкиот однос на лицата од власта, за што најодговорни се Заев и Филипче.
„Македонија само тоне. Со Заев и Филипче пред колапс е и здравството. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да си заминат“, пишува во соопштението.