Утрински Весник
Македонија

Повторно ќе се разгледува укинувањето на флексибилното работно време за администрацијата

Повторно ќе се разгледува укинувањето на флексибилното работно време за администрацијата

Премиерот Зоран Заев одлучил да не го потпише времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација, информираат од владината прес-служба.

Од таму појаснуваат дека прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.

„До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник

„Турција без терор“ – историски чекор кон крајот на еден повеќедецениски воен конфликт

Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700 грама хашиш