Утрински Весник
Македонија

Средба на Царовска со Брнз: САД и натаму активно ќе поддржуваат реформи во образованието

Средба на Царовска со Брнз: САД и натаму активно ќе поддржуваат реформи во образованието

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска имаше прв работен состанок со американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз и со претставници од УСАИД.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот амбасадорката Брнз истакнала дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочила дека Амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.

На средбата министерката ја информирала амбасадорката и останатите присутни, за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп

Петровска: Наместо чаши вода пред камерите, јавноста заслужува одговори за труењето!