Утрински Весник
Македонија

Битиќи – Јан Коп: Холандија ќе продолжи да ги поддржува реформите во Северна Македонија

Битиќи – Јан Коп: Холандија ќе продолжи да ги поддржува реформите во Северна Македонија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со холандскиот амбасадорот, Дирк Јан Коп, со кого разговарале за економската соработка меѓу двете земји, информираат од владината прес-служба.

Холандскиот амбасадор, во воведните зборови истакнал дека Амбасадата на Холандија, во изминатите години давала голема поддршка за спроведување на реформите и најавил дека поддршката за остварување на европските аспирации на Северна Македонија ќе продолжи и понатаму.

Соговорниците размениле мислења и за бизнис климата во земјата, спроведувањето на антикризните мерки од трите сета и планирањето на четвртиот сет, како и за среднорочните и долгорочни планови на Владата, кои се важни за светските финансиски организации.

Битиќи посочил дека предвидливоста и владеењето на правото ќе бидат приоритети на Владата во наредниот период и дека ќе се креираат системски решенија со кои ќе се намалат бирократските процедури и ќе се отвори широк фронт против корупцијата, во насока на креирање на уште подобра и предвидлива бизнис клима.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар