Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук ја прославија двегодишнината од бракот

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук ја прославија двегодишнината од бракот

Две години откако го врзаа јазолот на интимна церемонија во својот дом во Хемптон, Гвинет Палтроу и Бред Фалчук изгледаат посреќни од кога било.

На прославата на нивната втора годишнина од бракот, 48-годишната актерка во вторникот сподели симпатично селфи со него.

„До втората година“, оскаровката ја наслови објавата на фотографија на која таа блеска покрај сопругот, ТВ-продуцент и режисер, кој е најпознат по тоа што заедно со Рајан Марфи ги создадоа  хорор-сериите „Гли“, „Американска хорор приказна“ и „Кралици на вресокот“.

Заедничкото селфи доаѓа откако актерката позираше гола како од мајка родена, за својот 48. роденден и ја сподели фотографијата на Инстаграм.

Претходно на роденденот на неговата сопруга, Фалчук ја пофали дека таа може да направи пица од ништо, никогаш не доцни за коктели, и без напор, односно со невидена леснотија, знае да направи да изгледа добро.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање