Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Започнуваат со работа мобилните екипи, пасоши ќе се издаваат и во конзулатите

Граѓаните може да поднесат барања за издавање на лични документи од 7.30 до 20 часот
Img 7972

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес на посебна средба со вработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва. Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

„Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2-ри октомври до 9-ти ноември оваа година започнуваат со реализација на акциониот план. Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите ДКП-а.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидено истото, македонските државјани повеќе информации можат да добијат на страната на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани