Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) За еден час казнети 80 возачи во Куманово

(Видео) За еден час казнети 80 возачи во Куманово
300x250 opst2

За еден час во сообраќајна контрола во Куманово биле казнети 80 возачи,  соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Како што рече, казните пред се’ се онесуваат за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина.

Тој кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч