Утрински Весник
Свет

Доминик Рааб: Наша должност е да обезбедиме вакцините и тестовите за Ковид-19 да бидат достапни за сите

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

„Наша должност е да ги обезбедиме вакцините, третманите и Ковид-19 тестовите да бидат достапни за сите и да го запреме глобалното ширење на пандемијата со што го штитиме британскиот народ и ќе го поставиме човештвото на патот за закрепнување”, истакна британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб пресрет на виртуелното Генерално собрание на Обединетите Нации за вакцини, терапија и дијагностика, на кое Обединетото Кралство е домаќин заедно со ОН.

„Соработката под покровителство на АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид алатки е битна за стимулирање на развој, производство и пристап за сите земји”, вели тој.

Обединетото Кралство е домаќин заедно со Светската здравствена организација, ОН и Владата на Јужна Африка на виртуелниот настан кој се одржува денеска, посветен на зближување на меѓународната заедница околу АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид алатки, охрабрувајќи и други земји да дадат свој допринос. Настанот е дел од овогодинешното Генерално собрание на Обединетите Нации и ќе биде водено од министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Доминик Рааб.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик