Утрински Весник
Свет

Меркел: Пандемијата е трка на долги стази, пред нас е тешко време

Меркел: Пандемијата е трка на долги стази, пред нас е тешко време

Германската канцеларка Ангела Меркел апелира граѓаните да се придржуваат до епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Во моментов се соочуваме со проблем затоа што претпазливоста опаѓа“, рече таа во Бундестагот.

Меркел укажа дека граѓаните сакаат повторно да се дружаст и да почувствуваат заедништво.

„ Тоа го чувствувам и сама. Но, го ризикуваме сето она што го постигнавме последните месеци“ предупреди таа.

Меркел рекла дека не смее да се дозволи повторно да биде воведено ограничување низ земјата и додаде дека сака да спречи затворање на економијата и општеството.

„Пандемијата е трка на долги стази и пред Германците е тешко време во текот на есента и зимата“ предурпеди Меркел.

„Апелирам на сите да се придржуваат до мерките, кои во следниот период ќе мора да бидат на сила. Даваме се од себе повторно во ова општество да се грижиме едни за други. Од секој од нас зависи ситуацијата“ заклучи Меркел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва не сака прекин на огнот со Украина: „Нема основа за полусрдечни решенија“

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил