Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден: Трамп е кученце на Путин

(Видео) Бајден: Трамп е кученце на Путин

Кандидатот за претседател Џо Бајден за време на предизборната дебата во Кливленд го нарече својот противкандидат на изборите во САД, Доналд Трамп, кученцето на Путин.

Предизборната дебата пред претседателските избори во Америка се одржа во знак на навреди, кавги и надвикување. Кандидатите меѓусебно се обвинија дека се лажговци, дека ја уништиле Америка, а Бајден во еден момент го нападна Трамп, но и Русија.

https://www.youtube.com/watch?v=JG73OsaCG_g

„Под овој претседател станавме послаби, поболни и понасилни. Му оставивме успешна економија, а тој уништи сè. Ние му се спротивставивме на Путин, а тој е неговото кученце. „Тој не му кажа ништо за тоа што им платија на талибанците да ги убијат нашите оперативци“, рече Бајден.

На синоќешната дебата, двајца претседателски кандидати разменија навреди, викаа и меѓусебно се прекинуваа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цената на нафтата скокна над 120 долари за барел

Русија го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна

Орбан: Унгарија влегува во период на либерална државна управа