Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 213 нови случаи на коронавирус и петмина починати

Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 213 нови случаи на коронавирус, пет лица починале, а бројот на активни случаи е 1.256, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу активните случаи, 288 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 23 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа се тестирани 6.592 лица.

Оздравеле 110 пациенти, а во самоизолација се 8.155 лица.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 16.593 лица заболени со коронавирус, од кои 280 починале. Вкупно оздравеле 15.057 лица.

До денес се тестирани вкупно 307.084 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков