Санитарниот јазол што американската вселенска агенција ќе го испрати во вселената е секако еден од највредните, ако не и највредниот во светот. Станува збор за високотехнолошки производ, вреден 23 милиони долари, кој наскоро ќе лета со ракетата „Антарес“ сè до Меѓународната вселенска станица.
Во вселенскиот брод со кој ќе лета овој скап тоалет има и намирници за астронаутите.
NASA’s new $23 million space toilet is ready for launch https://t.co/ilM3cMI9pO pic.twitter.com/iyJLMBbtip
— SPACE.com (@SPACEdotcom) September 25, 2020
Тоалетот е именуван како Универзален систем за управување со отпад (UWMS). Тој е 65 проценти помал и 40 проценти полесен од тоалетот што моментално го користат астронаутите, објаснува НАСА.
Потребата за тоа се појавила откако жените астронаути почнале да ја истакнуваат непрактичноста на сегашниот тоалет, односно конструкциските грешки на лентата за фиксирање на телото за да не одлебди од даската.
Исто така, новиот тоалет има многу поекономичен систем за претворање на урината во вода.