Утрински Весник
Македонија

Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец

Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 28-годишен скопјанец кај кого била пронајдена дрога и оружје.

„Осомничениот 29-годишник на 28 септември во неговото живеалиште на улицата Бранко Заревски и на адресата на која непријавено престојувал на улица Париска во Скопје, неовластено заради продажба држел марихуана спакувана во зипер-кеса, две целофански пакувања и бело најлонско пакување со вкупна нето-маса од 29 грама, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, како и кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето-маса од 3,77 грама. При претресот била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Тој недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол“, соопштија од скопското Обвинителство.

Поради опасност од бегство, до судот е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици

Германскиот државјанин кој веел знаме на Голема Албанија по „Илинденска“ доби условна казна и забрана за влез во државата од пет години

Склучени договори за изградба и адаптација на објекти за детска и социјална заштита со 8 општини