Утрински Весник
Свет

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да ја одржи кризата со коронавирусот под контрола, рече висок италијански официјален претставник, додека владата се обидува да избегне зголемување на бројот на новозаболени како што е случајот во повеќето европски земји.

Вонредната состојба, која ќе истече во средината на октомври, овозможува поголеми овластувања и за регионалните власти и за централната влада, што им олеснува на службените лица да ја заобиколат бирократијата што го гуши процесот на донесување одлуки во Италија.

„Верувам дека владата ќе треба да побара дополнително продолжување“, рече заменик-министерот за здравство Сандра Зампа за државната телевизија РАИ.

Италија беше првата земја во Европа погодена од Ковид-19 и има најголем број смртни случаи на континентот – 35.851.

Благодарение на еден од најстрогите карантини во светот, Италија успеа да ја стави пандемијата под контрола до летото. Сепак, случаите се зголемија во текот на минатиот месец и во последните седум дена во просек се пријавени по 1.694 нови случаи дневно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење