Утрински Весник
Свет

Брисел ja забрани проституцијата поради коронавирусот

Брисел ja забрани проституцијата поради коронавирусот

Градските власти во Брисел одлучија да ја забранат проституцијата на неодредено време, во обид да го забават ширењето на коронавирусот во главниот град на Белгија.

Властите затворија и три хотели кои прифаќаат сексуални работници затоа што не се почитувале мерките за дистанцирање, изјави за АП Вафа Хамиш, портпаролка на градската влада.

Таа најави дека ќе се зајакнат полициските контроли за да се обезбеди почитување на забраната.

Одлуката е донесена по воведувањето на полицискиот час, што се однесува на ноќните барови.

Од почетокот на оваа недела, сите барови и кафулиња во Брисел мора да бидат затворени во периодот од 23 до 6 часот наутро, додека сите други места што продаваат пијалоци или храна ќе бидат затворени во 22 часот.

Брисел се соочува со нов скок на бројот на заразени со коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина