Утрински Весник
Свет

Тихановскаја: Макрон вети дека ќе помогне

Тихановскаја: Макрон вети дека ќе помогне

Францускиот претседател, Емануел Макрон, кој е во посета на Литванија, се состана со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја.

По тој состанок, Тихановскаја изјави дека претседателот на Франција ѝ ветил помош во преговорите со властите на Белорусија за ослободување политички затвореници.

„Макрон ни вети дека ќе стори сè за да помогне во преговорите за време на политичката криза во нашата земја… и ќе стори сè за да помогне во ослободувањето на сите политички затвореници“, изјави Тихановскаја пред новинарите по средбата со Макрон, пренесува „Ројтерс“.

Тихановскаја, која беше еден од кандидатите на спорните претседателски избори во Белорусија на 9 август, ја напушти земјата и замина во Вилнус откако долгогодишниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, беше прогласен за победник на изборите, а над демонстрантите што протестираа против наводната кражба на изборите почна репресија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран

Захарова: Западните политичари треба да направат процени на ризик при посетите на Украина

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија