Утрински Весник
Македонија

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Во синоќешното невреме повреден жител на Шишево, врз него паднала метална капија

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица-Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ.

Како што соопштуваат од Генералштабот на Армијата, во несреќата странично се превртел автобусот на магистралниот пат Струмица-Штип, кој превезувал припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип-Петровец.

Во сообраќајната незгода која се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

„Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите. Автобусот од типот „сетра”  во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

По повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опрема

Тошковски: 496 нови полициски службеници ја засилија македонската полиција – инвестициите во реформите и обуката создаваат професионални чувари на безбедноста

Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028″