Утрински Весник
Свет

Расте бројот на нови инфекции и смртни случаи во Чешка

Расте бројот на нови инфекции и смртни случаи во Чешка

Во Чешка, последниве денови нагло се зголемува бројот на луѓе заболени од Ковид 19 со потешки симптоми за кои е потребна хоспитализација, како и бројот на смртни случаи.

Според последните податоци, бројот на хоспитализирани лица е зголемен за петпати од почетокот на септември и изнесува 802, додека бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега или респиратор е скоро петкратно зголемен и изнесува 181.

Во последните 24 часа има 1.305 нови позитивни на коронавирус во земјата, што е трето најголемо дневно зголемување за неработен ден во недела и викенди кога се тестираат сè помалку случаи, покажуваат најновите податоци на чешкото Министерство за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го преместуваат носачот на авиони на Блискиот Исток

САД почнаа да продаваат нафта од Венецуела, до сега инкасирале 500 милиони долари

Медведев: Европјаните ќе се фатат за рака и ќе го напуштат Гренланд