Утрински Весник
Спорт

Шалке го шутнаа тренерот по 11 меча без победа и гол разлика 6:31

Шалке го шутнаа тренерот по 11 меча без победа и гол разлика 6:31

Бундеслигашот Шалке 04 го отпуштија тренерот Давид Вагнер по серијата очајни резултати на клубот.

Од рестартот на минатата сезона поради пандемијата со коронавирусот, вклучувајќи ги и двата натпревари од тековнава сезона, Шалке има мизерна серија од 0 победи, 2 реми исходи и дури 9 порази со гол разлика 6:31.

„Чашата ја прели“ вчерашниот домашен пораз од Вердер Бремен со 1-3, па Вагнер остана без работа.

Се уште не е познато кој ќе го наследи, но неговиот наследник го чека многу работа.

Според неофицијалните информации, прв кандидат за клупата на клубот од Гелзенкирхен е Белгиецот Марк Вилмотц кој има настапувано за Шалке, а беше и селектор на Белгија, односно Брегот на слоновата коска и на Иран.

> Шалке го шутнаа тренерот по 11 меча без победа и гол разлика 6:31 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката