Утрински Весник
Свет

(Видео) Поради јаглерод мноксид загинаа 16 работници во кинески рудник

(Видео) Поради јаглерод мноксид загинаа 16 работници во кинески рудник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во кинески рудник за јаглен во југозападниот кинески град Чунгќинг загинале 16 лица и само едно е спасено.

Спасувачи биле повикани во рудникот откако 17 лица останале заробени внатре поради прекумерно ниво на јаглерод моноксид.

По операцијата за спасување, единствениот преживеан рудар бил испратен на лекување во болницата.

Чунгќинг е голем град во кој живеат повеќе од 30 милиони луѓе.

Кина е најголем производител и потрошувач на јаглен во светот, а нејзините рудници некогаш важеа за едни од најопасните на Земјата.

Стандардите за безбедност се подобрија во последниве години, но несреќите продолжуваат. Во 2019 година забележани се 170 фатални несреќи во кинеските рудници за јаглен, кои довеле до 316 смртни случаи, се вели во официјалниот весник на комунистичката партија „Пиполс дејли“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура