Утрински Весник
Свет

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД.

Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде се подготвува со двајца космонаути за лансирање кон Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата во средината на октомври.

Тие ќе останат таму шест месеци.

„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето можат да го направат тоа од земја”, изјави Рубинс за Асошиејтед Прес.

Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, Тексас, којшто им овозможува на своите граѓани да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.

„Клучно е да учествувате во нашата демократија. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената”, рече Рубинс.

Астронаутите на НАСА и претходно гласаа од вселената.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа